Ѓорческа обезбеди четвртфинале на турнирот во Анталија

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа обезбеди четвртфинале во поединечна конкуренција на ИТФ фјучерсот вреден 15.000 долари во Анталија, Турција.

Ѓорческа, како втора носителка, во второто коло славеше против Швајцарката Дарст со 6-2,6-4. Во четвртфиналето македонската тенисерка ќе игра со Бугарката Аршинкова која е петта носителка на турнирот.

Лина Ѓорческа ќе игра во четвртфиналето и на турнирот во двојки. Заедно со Хрватката Дражиќ, како први носителки, ги очекува пресметката со турско-бугарската комбинација Ујар/ Каратанчева.

Се вчитува...