Ѓорческа по маратон до полуфинале на фјучрсот во Талин

Најдобрата  тенисерка на Македонија, Лина Ѓорческа се пласираше во полуфиналето на ИТФ фјучрсот вреден 40.000 американски долари кој се игра во главниот град на Естонија, Талин.

Ѓорческа по маратонска борба во четвртфиналето славеше над квалификантката Дебора Киеза од Италија со 2-1 по сетови 6-3, 4-6 и 6-4. Нашата тенисерка одлично го отвори мечот и експресно поведе со 1-0. Италијанката возврати во вториот сет, а во третиот по голема борба тетовчанката успеа да се пласира во ново полуфинале.

Таму најдобрата македонска тенисерка за противник ќе ја има Турчинката, Зејнеп Сомнеж која успеа да ја изненади првата носителка Холанѓанката, Лесли Патинама-Керкове која минатата година стигна до второто коло на Вимблдон.

Се вчитува...