Ѓорческа, по три часа борба, не успеа до полуфинале на турнирот во Манакор

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да се пласира во полуфиналето на 25.000 долари вредниот ИТФ фјучерс во Манорка, Шпанија.

Ѓорческа по безмалку цели три часа битка загуби во четвртфиналето од Никол Бартункова од Чешка во три сета.

Првиот сет и припадна на македонската тенисерка со 6-4, вториот и припадна на Чехинката со 2-6, а третиот го доби Бартункова во тај-брејкот со 6-7 (3).

Се вчитува...