Ѓорческа по цели два часа игра загуби во финалето во двојки на турнирот во Загреб

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа и нејзината партнерка Ирина Хромачева загубија во финалето во двојки на ИТФ фјучерсот во Загреб, Хрватска, кој се играше за вкупен награден фонд од 60.000 долари.

Ѓорческа и Хромачева, како трети носителки, во финалето загубија по вистински маратон со 1-2 (4-6,7-5,9-11) од Анастасија Детлуц од Чешка и Катарина Завацка од Украина.

Се вчитува...