Ѓорческа победнички ја стартуваше 2023 година

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа имаше успешен, победнички старт на годината и тоа на силниот фјучерс во Талин (Естонија).

Ѓорческа ја има улогата на трета носителка, а во 1/16 финалната рунда се соочи со квалификантката Радка Зелницкова која ја совлада со 2-0 по сетови 6-2 и 6-4. Во следната рунда тетовката ќе се соочи со 28-годишната Андреа Лазаро Гарсија од Шпанија.

Овој турнир се игра на тврда подлога за награден фонд од 40.000 американски долари.

Се вчитува...