Ѓорческа подобра од Шиманович за четвртфинале на турнирот во Казахстан

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа се пласираше во четвртфиналето на ИТФ турнирот вреден 40.000 долари во Астана, Казахстан, откако во второто коло славеше против Белорусинката Ирина Шиманович.

По тешка битка од два часа и три сета игра, Ѓорческа триумфираше со 7-5, 1-6 и 6-2 во сетови.

Во четвртфиналето Ѓорческа ќе игра против Анастасија Тихонова која е на 167. место на ВТА ранг листата.

Се вчитува...