Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не ја мина првата пречка на ВТА 125 турнирот во португалскиот град Лисабон. Таа загуби од Французинката Клара Бурел со 2-0 во сетови (6-1 6-3) за 70 минути игра.
Противничката на Ѓорческа ја потврди фаворитската улога и првиот сет го доби со 6-1 во гемови откако направи два брејка. Вториот сет беше сосема по различен, во целиот сет имаше само еден гем кој го освои тенисерката што беше на сервис, а тоа беше Бурел.
Ѓорческа за настапот во Лисабон ќе добие еден поен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
