Ѓорческа поразена од седмата носителка на силниот ВТА турнир во Корденонс

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа по извонредниот настап на ИТФ турнирот во Оломуц, Чешка, немаше многу можност за одмор пред новиот предизвик, па загуби во 1. коло на силниот ВТА турнир во Корденонс, Италија, кој се игра за награден фонд од 60.000 долари.

На стартот на турнирот Ѓорческа загуби од седмата носителка Катарина Герлах од Германија по тешка битка во три сета, која траеше два часа и 30 минути.

Првиот сет го доби Германката со 6-2, потоа врати Македонката со 4-6, за да третиот сет германската тенисерка го добие со 6-3 за пласман во осминафиналето на турнирот.

Се вчитува...