Ѓорческа поразена во финалето во двојки, утре ја чека финале во сингл во Хераклион

Нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да стигне до титулата во двојки на ИТФ фјучрсот во грчки Ираклион, откако заедно со својата партнерка Деа Херџелас од Босна и Херцеговина беа поразени во финалето.

Македонската тенисерка заедно со својата партнерка загубија од романско/бугарската двојка Гаврила/Каратанчева со 2-0, по сетови 6-4 и 6-4.

Ѓорческа утре ја очекува финале и во сингл конкуренција каде ќе игра против Романката, Мириам Бјанку Булгару која во моментов е на 281. позиција на ВТА листата.

Се вчитува...