Ѓорческа реди победи – рутински до полуфинале во Чешка

Лина Ѓорческа продолжува со одличните настапи на ИТФ-турнирот во чешкиот град Оломуц, каде со ново одлично издание се пласираше во полуфиналето, совладувајќи ја американската тенисерка Ема Наваро со 2-0 во сетови.

Охрабрена од одличното вчерашно издание кога ја елиминираше петтата носителка Болсова, Македонката и денеска одигра беспрекорно. Првиот сет беше добиен со 6-4, пред Лина да заигра уште подобро во продолжението, за убедливи 6-2 и пласман во полуфиналето за нецели 80 минути игра во денешната четвртфинална пресметка.

Ѓорческа во утрешното полуфинале за противничка ќе ја има Дарија Астакова од Русија.

Се вчитува...