Ѓорческа со победа стартуваше на турнирот во Копер

Нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа, со победа го почна турнирот во Копер, Словенија. Ѓорческа денеска со 2-0 ја совлада Тимеа Јарушкова од Словачка во сетови 6-2, 6-2.

Уште од стартот Лина поведе со 3-0, но потоа Словачката тенисерка се врати и намали на 3-2, но до крај нашата тенисерка беше супериорна и го доби првиот сет. Во вториот сет Лина веднаш направи брејк, па потоа стигна и до 2-0. Јарушкова се врати на 2-1, потоа Ѓорческа стигна до 4-1 со уште еден брејк, па врати Јатушкова со брејк, но потоа уште два добиени сета за Ѓорческа за конечна победа.

Ѓорческа во 1/8 финалето од турнирот ќе игра со подобрата од дуелот Паке – Бурило-Ескорихуела.

Се вчитува...