Ѓорческа загуби во финалето на турнирот во Италија

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа, по вчерашниот исцрпувачки ден во кој стигна до трофејот во игра на двојки, денеска не успеа да слави и во финалето во поединечна конкуренција на ИТФ фјучерсот вреден 25.000 долари во Санта Маргерита ди Пула, Италија.

Во финалната пресметка Ѓорческа загуби од Холанѓанката Ева Ведер со 2-6, 3-6.

Претходно, Ѓорческа токму заедно со Ведер стигнаа до титулата во игра на двојки.

Се вчитува...