Горење го „прегоре“ Металург

Ракометарите на Металург претрпеа уште еден пораз во рамките од СЕХА-лигата, овојпат на гостувањето во Словенија против Горење со резултат 37-25. Тимот на Александар Јовиќ се обиде да стори нешто повеќе, но немаше сили да го изненади словенечкиот состав, кој денеска беше подобар противник на теренот и заслужено стигна до победата.

Резултатот беше израмнет само во првите четири минути (3-3), за потоа Горење да направи серија од 5-1 и да се одлепи резултатски во однос на македонскиот вицешампион. Металург успеа да се приближи до 12-10, но потоа во следните пет минути Словенците постигнаа шест гола во низа, поведоа со преубедливи 18-10 и уште во првото полувреме го решија прашањето на победникот.

На полувреме се замина со резултат 21-13, а потоа домашниот состав веќе во 37. минута преку Тоскиќ и Гребенц за првпат дојде и до двоцифрена позитива (26-16). Се што македонскиот клуб успеа да стори беше намалување до 30-25, за потоа Горење подобро да влезе во самата завршница и на крајот натпреварот да заврши со конечни 37-25.

Илиќ со осум и Кузмановски со седум погодоци беа најефикасни кај Металург, додека кај Горење во главна улога беа голманот Ферлин со 15 одбрани и Клец со шест постигнати гола.

Се вчитува...