Горецка е лут на Баерн и прави „одмазнички“ трансфер во Дортмунд!?

Ретки се миговите кога фудбалер на Баерн Минхен прави трансфер во Борусија Дортмунд. Обично е обратно, но во последно време се случуваат и премини на релација Минхен – Дортмунд. Таков беше случајот и со Никлас Зиле, претходно и со „кам-бекот“ на Марио Геце, како и на Матс Хумелс.

Но, најавите кои доаѓаат од Германија, можат и тоа како да го раздрмаат трансфер пазарот. Имено, Борусија Дортмунд сака да го искористи незадоволството во Баерн, и да го „украде“ Леон Горецка од својот голем ривал. Во Горецка, „милионерите“ гледаат идеална замена за Џуд Белингем, кој треба да го комплетира трансферот во Реал Мадрид во следните денови.

На Борусија и оди во прилог тоа што Горецка наводно им се налутил на челниците на „Баварците“ поради интересот за Деклан Рајс. Трансферот на Рајс нема да се случи, но лутината на Горецка не поминала. Горецка во минатото настапуваше и во уште еден лут ривал на Дортмунд, во екипата на Шалке. Со Баерн има договор до 2026 година.

Претходно се шпекулираше и со трансфер на Томас Милер во Борусија, но потоа искусниот Германец целосно ги демантираше овие шпекулации.

Се вчитува...