Ѓорѓе Џелетовиќ – МВП на 19. коло во Прва лига (ФОТО)

Деветнаесеттото коло од Првата кошаркарска лига ни донесе шест нови интересни натпревари на терените ширум Македонија, а во него на победи се радуваа Академија ФМП, ТФТ, Работнички, Гостивар, Пелистер и МЗТ Скопје.

Најкорисниот играч на колото ни доаѓа од натпреварот одигран во „Перо Наков“ каде во 11. победа на Работнички во сезоната блесна Ѓорѓе Џелетовиќ. Србинот ги предводеше „црвено-белите“ до убедлива победа со дабл-дабл учинок од 30 поени и 11 скока при реализација 12 од 18 од поле со шут 6/9 за три поени, 2 асистенции и 2 блока за индекс на корисност од 38 поени.

Се вчитува...