Ѓорѓески заврши со Вардар, се сели во Пелистер

Македонскиот шампион Вардар ја прекина соработката со голманот Даниел Ѓорѓески, информираат официјално од канцеларијата на црвено-црните.

Вардар и Ѓорѓески спогодбено го раскинаа договорот за соработка. Минатата година голманот ги оперираше лигаментите и после паузата почна повторно да тренира со тимот. Во моментов „вардарци“ располагаат со четворица голмани: Дејан Милосављев, Калифа Гедбан, Марко Кизиќ и Андреј Петковски.

Според последните информации Ѓорѓески веќе е договорен за преселба во редовите на Пелистер.

Се вчитува...