Ѓорѓев не запира, нов гол за Грасхоперс

Никола Ѓорѓев продолжи со серијата импресивни настапи во дресот на Грасхоперс, помагајќи му на својот тим да слави со 4-1 над Вил и да остане во игра за експресен камбек во швајцарската фудбалска елита.

По погодоците против Арау и Лозана, поранешниот младински репрезентативец на Македонија ја продолжи голгетерската серија и на вечерашниот дуел против Вил. Грасхоперс влезе во судиското продолжение со водство од 2-1, пред Ѓорѓев да ја осигура победата на својот тим со гол во 92. минута. Три минути подоцна, „скакулците“ го постигнаа и четвртиот гол на мечот, за убедлива победа.

Грасхоперс со овој триумф го прескокна Вадуз на второто место на табелата, пласман кој води во баражот за пласман во првата лига.

Се вчитува...