Ѓорѓевиќ доби шут-карта од Виртус Болоња

Александар Ѓорѓевиќ повеќе не е тренер на Виртус Болоња откако италијанскиот клуб реши да му врачи отказ на српскиот стратеге по вчерашниот пораз од Динамо Сасари. Ѓорѓевиќ беше исклучен во првата четвртина од овој дуел поради конфликт со еден од судиите, со што се чини само се прели чашата од незадоволство кај челниците на клубот.

Виртус Болоња делува крајно сериозно, клубот се обидува да обезбеди вајлд-карта за Евролигата за наредната сезона, успеа да го врати Марко Балинели од НБА, но челниците очигледно во меѓувреме ја загубија довербата во Ѓорѓевиќ, па решија да ја прекинат соработката со поранешниот селектор на Србија.

Се чини пресудни беа променливите игри во домашното првенство, каде Виртус и покрај сериозните инвестиции во играчкиот кадар имаше пет победи и четири порази во првите девет кола. Во следните седум дена ќе биде именуван новиот тренер на Виртус Болоња, а во меѓувреме тимот ќе го води досегашниот асистент на Ѓорѓевиќ, Кристијан Федриго.

Се вчитува...