Ѓорѓевиќ за неверојатниот пораз: Немаше „фер-плеј“ при судењето на неспортските грешки

Панатинаикос и Фенербахче вчера одиграа неверојатен натпревар во Атина каде на победа се радуваа домаќините кои благодарение на две неспортски грешки во последните десет секунди од мечот успеаја да направат пресврт.

По мечот тренерот на турскиот состав, Александар Ѓорѓевиќ имаше помешани чувства. Изјави дека немало фер-плеј при судењето на неспортските лични грешки, а и таква завршница е нешто на што не можеш да ги научиш играчите.

„Имам многу помешани чувства после целиот случај. Не сакам да ме разбере некој погрешно, но јас кошарката ја гледам како фер-плеј игра. Сепак, осеќам дека тоа не беше случајот во финишот кога ни беа судени неспортски грешки. Моравме и самите подобро да приредиме финиш на мечот. Не смеевме да им дадеме повод на судиите прекршоците да ги карактеризираат како неспортски. Моравме позрело да ја одиграме завршницата. Но, таквите работи е тешко да ги научиш играчите. Тоа нема врска со тактика“, изјави Ѓорѓевиќ.

Се вчитува...