Ѓорѓиев: Добро започнавме, но целта е „три од три“

Македонската одбојкарска репрезентација со победа над Кипар од 3-0 го започна турнирот во ЦЕВ Европската лига. „Спартанците“ беа подобриот противник на денешниот меч, совладувајќи го противникот со 25-21 во тритте сета, притоа штедејќи ги силите за престојните дуели против Израел и Данска.

Предводникот на „црвено-жолтите“ беше Никола Ѓорѓиев со 20 поени. По натпреварот капитенот на нашата репрезентација не го криеше задоволството од прикажаното на паркетот, но најави дека ова е само прва од посакуваните три победи.

„За нас ова е очекувана победа иако можеби ја извојувавме потешко отколку што мислевме. Најважно е што победивме и сега треба да се насочиме кон другите натпревар со противници коишто се посериозни, но без оглед на тоа целта е да оствариме три победи на првиот турнир“, изјави Ѓорѓиев.

Се вчитува...