Ѓоргиев лут на ОФМ за смената на селекторот: Срамота и греота, пред четири години сонувавме за ЕП

Капитенот на одбојкарската репрезентација на Македонија, Никола Ѓоргиев, не го криеше разочарувањето по одлуката на ОФМ да му врачи отказ на Никола Матијашевиќ.

Најдобриот македонски одбојкар е уверен дека Матијашевиќ се уште е најдобра опција за предводник на нашиот национален тим, а вината за ваквиот потег ја побара во раководството од „куќата на одбојката“.

Срамота и греота… Две европски првенства… Пред четири години сонувавме за ЕП. Изгледа со некои луѓе од ОФМ се е возможно“, порача Никола Ѓоргиев преку својот профил на социјалните мрежи.

Се вчитува...