Ѓорѓиев: Во кремот сме, заслужуваме да бидеме тука, групата е тешка, но имаме тим кој повторно може до историја

Македонската одбојкарска репрезентација настапите во гропната фаза од Златната Европска лига ќе ги почне против Чешка на домашен терен викендот 23-24 мај наредната година. Потоа следуваат дуелите со Турција во гости и со Португалија дома до крајот од мај. Во јуни на распоред се возвратните средби.

„Ова е тешка група, но на ова ниво лесна воопшто нема. Ние сме во кремот на одбојката и тоа е местото каде што заслужуваме да бидеме. Добро е во првиот натпревар ќе бидеме домаќини, ако успееме да победиме, тоа би бил одличен почеток. Секако дека ние не сме фаворити за влез на завршниот турнир, сепак ова не е како во сребрената лига, но имаме екипа којашто што може да направи нова историја доколку сме здрави сите. Португалија е домаќин на Челенџер купот, па прочитав дека селекторот ќе ја искористи Европската златна лига за да ги провери сите играчи, мојот техничар во Фридрихсхафен е капитен на Чешка, па ќе се обидам да соберам некоја информација и од него, а Турците ги знаеме и се надевам дека ќе им се реваншираме за поразот на ЕП. Мојот сон е три победи дома и една или две на гости, а тоа значи пласман на завршниот турнир. Само да сме здрави” – вели капитенот никола Ѓоргиев.

Завршниот турнир на четирите најдобри ќе биде одигран викендот на 20-ти и на 21-ви јуни, а домаќин ќе биде Белгија. За разлика од досега, финалистите ќе обезбедат пласман во ФИВБ Челенџер купот и ќе имаат шанса да се борат за настап во Лигата на нации во 2021.

 

Распоред на натпреварите за Европската златна лига 2020:

1.коло – 23/24.5.2020: Македонија – Чешка
2.коло – 27.05.2020: Турција – Македонија
3.коло – 30/31.05.2020: Португалија – Македонија
4.коло – 06/07.06.2020 Македонија – Португалија
5.коло – 10.06.2020 Македонија – Турција
6.коло – 13/14.06 2020 Чешка – Македонија

 

 

Се вчитува...