Господин фудбал е редок примерок на македонски фудбалски стручњак кој прати се, од Премиер-лига па се до Втора Финска Иконен лига. На времето бил еден од најголемите таленти на ФК Цементарница, но како што вели и самиот други работи го интересирале повеќе од фудбалот (алкохол, цигари и жени) па и затоа не напраил голема кариера. Три пати го има чувано како „задњи везни“ Дарко Панчев кого го има ставено во џеб. Во моментов е невработен и најчесто можете да го најдете во локалното кафуле и обложувалница, каде везден раскажува приказни за некои подобри времиња. Како стручен аналитичар следните 29 дена специјално за ЕКИПА.МК ќе ги анализира и коментира натпреварите на СП во Катар.
Ги слушнаа моите зборови ѕвездите и го кренаа највисоко ова момче. (ПРЕКРАСНО). Почнува босанана островска нога и у деветта минута нокаут. Уше не седнат на тросед викам шо се дешава. Го барам на телефон Аце Русевски викам да не тркнал до Катар, пошо го знам него не му ја мисли многу „Што има да мислу ја, нека му ја мисли Иран!“ знаеше често да каже. И така десет минути го оправаа, го лечеа, џабе не се опраи. Го глеам „главучон“ многу боље игра у Англија него у Манчестер, ама и тој нокаут. Се на се осум комада, Иран у нокаут, фудбалот се врати дома, нормален почеток за Англија.
После 4335566 минути заврши Енглеска и си почна Холандија – Сенегал. Оној селекторот на Сенегал сто посто фрутаријанец е. Увек пред утакмица глеам кој е судија пошо поштовање е да му знаеш име и презиме коа ке го пцуеш. Бразилецот Сампајо, веднаш некако го осетив поблизок. Ја знам братучетка му Сара, али тоа е друг муабет друже…
Ми привлече внимание играчот со број 5 у Сенегал. Не бе, види го, не мешам политика, не ти е ова рукомет, друго ми е муабетот. Ти викам играчот со број пет се вика Гана, а игра у Сенегал… Златен тоа е диверзитетот кој го нудат Мундијалите. Френкана од Холандија докторски изигра, му напраи на тој деветката „ште го резнам“ и ни криви ни дужни си тепаа лалињата. Тоа е фудбалот златен шо ке рече Каљо.
И така седам и размислувам и си ја потпевнувам „Ја немам други дом“ од Лепа Брена и си викам 1994 беше или 1995 знам ја пеевме у хотел Београд за Нова година, а се сеќавам тој период еден симпатичен господин викан Жорж Веа бушеше у Милан. Глеам тимови пред САД и Велс и оп Тимоти Веа… Детево сигурно му е син, сто посто. Гуглам, бaрам, глеам да бе стварно, ако е на татко му овој им клава барем еден на Велшанине… И оп ете ти го… Ајде претседничеее почнуем да викам, нешо такво е Жоржињо у Либерија. Се си тера добро и доаѓа 80 и нека шо би рекол Балашевиќ и ете ти го голферон пеналче 1-1… Навика бато од годините у Реал. На крај 1-1, ј*бем га, биче боље браќа амерски.
Денеска четири меча, фудбалска посластица. Се мислев да зиам слободен ден, ама за среќа невработен сум, битно социјално стига друже. Лео Меси со Арапине таа е рутинска. Не е ова Манчестер сити па Халанд да им игра. Данска – Тунис. Мене оној Ериксен ми е цар, играчина тоа е срце на терен. Мексико – Полска. Едвај чекам „Хеј Словени“ да грмне на стадион, само една химна поштуем друже јас. И на крај Франција со нашинцине од Острелија. Ееее, знаеш дека го знам Миле Стерјовски, да бе братучед на жена ми е. 2006 у Немачка коа беше шампионатот бевме со жена ми го глеавме, мада тогаш уше девојка ми беше, знаеш млади без деца па имавме појше време за шетање. Ај друже да идам да пуштам тикет пред да почнат утакмициве се глеаме утре…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА