Конечно, без драма во Вараждин: Француско славје против Унгарија

Ракометната репрезентација на Франција со голем чекор кон 1/4 финалето откако вечерва ја совлада селекцијата на Унгарија со 30-37.

Французите, кои важеа за големи фаворити, не и дадоа ниту малку надеж на унгарската селекција да се понадева дека може да дојде до добар резултат вечерва во Вараждин.

За разлика од првите два меча во оваа сала, во која играше и Македонија против Австрија, а потоа и Холандија со Катар, на третиот натпревар немаше никаква драма. Едноставно Французите во текот на целиот меч имаа се под своја контрола, за да стигнат до победата.

Во голема мера победникот беше решен уште по првиот дел, кога Франција се стекна со предност од 23-15, а потоа во вториот дел само рутина за Французите, кои во еден момен имаа позитивна од 10 голови, но и дозволуваа Унгарците да дојдат само до шест, но без посериозна прилика да направат голем пресврт.

Дика Мем со шест гола беше најефикасен, а кај Унгарците Лекаи постигна пет.

Се вчитува...