Господин тенис – Новак Ѓоковиќ до рекордна титула на АТП финалето

Еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Новак Ѓоковиќ стигна до рекордната шеста титула на завршниот АТП мастерс турнир, а прва откако ова натпреварување се игра во италијанскиот Торино.

Србинот во финалето славеше над Норвежанецот, Каспер Руд со 2-0, по сетови 7-5 и 6-3. Во двата сета на поранешниот прв рекет во светот му беше доволен по еден брејк за конечен триумф.

Ова за Ѓоковиќ е шеста титула на АТП завршницата со која се израмни на првото место на вечната листа со Роџер Федерер.

Се вчитува...