Гостивар стигна до третата победа во низа во Првата кошаркарска лига откако во 18. коло славеше со 86-63 против Куманово. Гостиварци беа апсолутен фаворит на денешната средба во која брзо стигаа до двоицфрена предност, а и покрај тоа што Куманово успеваше да ја врати неизвеноста во првото полувреме, немаше сили во вторите 20. минути.
Гостивар го отвори натпреварот со серија од 10-0, но гостиварци не успеаја да ја задржат двоцифрената предност. Кумановци навремено ги консолидираа редовите, преку добрата тимска игра успеаја брзо да ја вратат неизвеноста за само 19-17 по 10. минути игра. Натпреварот продолжи во исто темпо и во втората четвртина, Гостивар одново се „одлепи“, Куманово брзо се врати, но финишот на полувремето им припадна на домашните кошаркари кои преку расположениот Корсанита стигнаа до предност од 43-33. Избраниците на Ѓорѓиевски се обидоа да се вратат во натпреварот во третата четвртина, но овој пат Гостивар умешно го одби налетот, ја задржа двоцифрената предност по 30. минути игра за 62-47 со што беа решени сите дилеми за победник.
Со 23 поени Корсантиа го предводеше Гостивар, додека него го следеше Ефремовски со 17 поени. 19 поени за Куманово постигна Марјановски, а 14 поени Врајт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА