Гостивар ги прелета „соколите“, Фени го совлада Пелистер

Гостивар очекувано оствари убедлив триумф (78-112) над младиот тим на Карпош Соколи. Тимот на Марјан Србиновски обезбеди двоцифрена предност уште на полувремето и до крајот рутински го приведе мечот до самиот крај. Диме Тасовски со 26 поени беше најефикасен во победничкиот тим, а Таварион Никс беше стрелец на 19 поени. Кај „соколите“, Кори Спенс постигна 20 поени.

Фени индустри го совлада Пелистер со 79-68. Домашниот тим го предводеше Јане Петровски со 24 поени, а Предраг Пајиќ уфрли 16 поени. Кај „пелистерци“, Роберт Луис беше стрелец на 29 поени.

Се вчитува...