Гостивар го мерка „скалпот“ на Куп освојувачот, вечното дерби во среда

Кошаркарските возбудувања на прволигашката сцена продолжуваат денеска со три натпревари кои ќе бидат одиграни во Скопје, Гостивар и Куманово. Возбудувањата започнуват од 17 часот во СРЦ „Кале“ каде Чаир 2030 ќе го пречека Еуро Никел, а продолжуваат од 19:00 со натпреварите помеѓу Гостивар и ТФТ, односно Куманово и Кожув.

Најинтересен ќе биде натпреварот во Гостивар каде „сино-белите“ по победите против минатогодишните финалисти Пелситер и МЗТ Скопје во првите две кола ќе се обидат со помош на домашната публика да слават и против освојувачот на Купот на Македонија.

ТФТ пак во овој натпревар влегува по првиот „балон“ на АБА2 лигата каде не се прослави во мечевите против Пелистер и Сутјеска, но со помош на новите засилувања ќе се обиде да ги расипе плановите за славје на гостиварци и да стигне до втората победа во сезоната.

Прволигашката кошарка продолжува в недела од 18 часот во Струмица каде истотимениот тим го пречекува Феникс 2010. Скопјани гостуваат на истокот на Македонија во одлична форма со две победи во првите две кола, додека струмичани ќе целат на првата победа по камбекот во „елитата“.

Во вториник во Скопје ќе биде одиграна и средбата помеѓу Академија ФМП и Пелистер, а натпреварот на колото е закажан за во вторник со почеток од 17 часот во СРЦ „Кале“ каде силите ќе си ги одмерат вечните ривали Работнички и МЗТ Скопје.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ЕКИПА (@ekipa.mk)

Се вчитува...