Гостивар ја продолжи агонијата на Струмица

Гостивар стигна до 11. победа во Првата кошаркарска лига откако на отварањето на 17. коло славеше со – на гостувањето во Струмица, продолжувајќи ја агонијата на дебитантот кој го забележа осмиот пораз едно по друго.

Гостивар го наметна своето темпо уште од самото отварање на натпреварот. „Сино-белите“ доминираа во скок играта, имаа и висока реализација од поле па по 10. минути игра и предност од 13-28. Струмица заигра далеку подобро до крајот на полувремето, успеа и да ја намали двоцифрената негатива во еден момент на осум поени (31-39), но гостите навремено ги консолидираа своите редови. Заиграа далеку подобро во одбраната каде го лимитираа тимот на Давитков на пет поени до крајот на четвртината па ја вратија и двоцифрената предност за 36-50 пред вториот дел од натпреварот.

Во него избраниците на Малинков продолжија да ја одржуваат двоцифрената предност и покрај падот во играта на двете екипи. Струмица и Гостивар комбинираа само 32 поени во третата четвртина, а тоа беше доволно за гостите да останат со предност од 53-65 пред последните десет минути. Во нив гостиварци рутински ја сочуваа предноста и покрај големиот пад во играта и „постот“ без постигнат поен во последните 03:42 од игра за влез во победничка низа.

Со 18 поени, 9 скока и 7 асистенции Крастјиќ ја предводеше Струмица, а него го следеше Обуквелу со 16 поени и 9 скока. Корсантиа со дабл-дабл од 19 поени и 20 скока беше лидер на Гостивар.

Се вчитува...