Гостивар лесно се справи со Пелистер (98-62)

Кошаркарите на Гостивар стигнаа до нови планирани бодови во македонското првенство, триумфирајќи на домашен терен против Пелистер со резултат 98-62.

Избраниците на Марјан Србиновски рутински ја одработеа задачата на оваа средба, доминирајќи од првата до последната минута, не дозволувајќи победата во ниту еден момент да им биде доведена во прашање. Првата четвртина заврши со резултат 24-18, гостиварци првпат стигнаа до двоцифрена позитива во 14. минута (34-23), по што истата се повеќе ја згоолемуваа како што изминуваше времето, за на крајот овој неинтересен натпревар да заврши со триумф на домаќините од 36 поени разлика.

Сегариќ со 19 поени и 11 асистенции беше во главна улога на оваа средба, Зекири оствари 14 поени и 8 скокови, додека Андреј Магдевски го заврши мечот со 15 поени. Најефикасен во редовите на Пелистер беше Луис со 18 поени.

Гостивар по 14 кола има скор од девет победи и пет порази во Првата лига, додека Пелистер во досегашниот дел од сезоната забележа три победи и единаесет порази.

Се вчитува...