Кошаркарите на Гостивар стигнаа до голема победа на домашен терен откако во трилер меч по продолженија славеа против Работнички со 75-70 во натпревра од 2. коло од плеј-аутот во Суперлигата.
Двете екипи одиграа израмнети 40 минути во кои си поделија по две четвртини, па на крајот и повеќе од заслужено беше што по регуларниот дел од мечот натпреварот заврши во егал 59-59.
Во продолженијата подобри беа домаќините и на крајот заслужено стигнаа до триумф од 75-70. Јован Црниќ со 17 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените недоволни беа 19 поени на Роберт Рикиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

