Гостивар се засили со Немања Мишковиќ

Кошаркарскиот прволигаш Гостивар се засили на центарската позиција со Србинот Немања Мишковиќ. 208-сантиметри високиот кошаркар претставува замена за Александар Тодоровиќ кој по првиот дел од сезоната се пресели во редовите Динамик.

Во неговата кариера настапувал за младите категории на Партизан,  потоа Смедерево, Мега Визура, Јагодина, грузискиот тим Батуми, а последен ангажман му беше во тимот на Борац Чачак каде белеше помалку од пет поени по натпревар.

Центарот во изминативе неколку дена имаше пробни тренинзи, а откако ги задоволи потребите стави потпис на договор кој ќе важи до крајот на сезоната. Со овој ангажман гостиварци се комплетираат за вториот дел од сезоната во македонската Прва лига во обид да обезбедат место кое води во плеј-офот.

Се вчитува...