Гостивар со славје од Чаир

Гостивар ги освои бодовите на гостувањето кај Чаир 2030, добивајќи го натпреварот со пресврт во вториот дел со 97-93. Клучен за победата беше третиот период, кој Гостиварци го добија со 18:23 кога го направија пресвртот, а потоа до крајот го задржаа водството.

Првата четвртина му припадна на гостинот со 24-26, но во втората чаирчани се вратија, па на полувреме заминаа со предност од еден поен.

Во третиот период во финишот Гостивар влезе во серија, па на моменти имаше и предност од седум поени разлика, но на крајот се врати Чаир и успеа да влезе во последниот период со негатива од четири поени.

Чаирчани немаа сила, а Гостиварци влегоа во добра серија, па брзо дојдоа и до 14 поени предност. Во финишот гостите се опуштија, но домашниот тим стигна само да ја намали предноста.

Ефремовски беше најефикасен на средбата со 25 поени.

 

Се вчитува...