Кошаркарите на Еуроникел стигнаа и до 11-та победа сезонава во 16. коло од Првата македонска кошаркарска лига, славејќи со 83-69 на дуелот против Гостивар.
Домашните до триумфот дојдоа само благодарение на извонредна одиграната последна четвртина која ја добија со неверојатни 30-10.
Претходно, гостиварци имаа предност од 33-42 на полувремето, но Еуроникел успеа сето тоа да го анулира и надополни во финишот.
Дури пет кошаркари на Еуроникел беа двоцифрени. Најефикасен беше Каплановиќ со 19 поени, а Марзет заврши со 16 поени, додека Караколев заврши со 14 поени, Соколов – 13 поени и Бакоч – 12 поени. Кај гостите Џелетовиќ запиша 18 поени, а Костовски заврши со 15 поени.
Еуроникел сега се израмни на делба на третото место на табелата со 11 победи и пет порази, колку што имаат и Гостивар и Кожув.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА