Гостиварци се разделија од странците: Здравјето е приоритет за сите

Гостивар се приклучи на низата кошаркарски прволигаши кои ја официјализираа разделбата од странските кошаркари. Неизвесноста околу тоа дали и кога воопшто ќе се продолжи сезоната придонесе клубовите да ја прекинат соработката со играчите од странство, тренд што го следеа и гостиварци.

Американците Доналдсон, Ли и Армстед веќе фатија летови и заминаа за САД, додека Џелетовиќ се врати назад во родната Србија, но не се исклучува можноста тие по завршувањето на кризата да се вратат во Гостивар.

„Нема тренинзи, нема натпревари, гледаме засилени превентивни мерки, се повеќе заразени. Им предложивме на странците доколку сакаат да се вратат во своите држави се додека не се стабилизира состојбата и не добиеме конкретни информации како понатаму. Негативните последици од она што се случува ќе бидат големи и по клубот и по спортот севкупно, но во моментов здравјето на кошаркарите и на нашите навивачи е приоритет. Почитувајќи ги препораките за да се заштитиме самите и луѓето околу нас за што побрзо да го совладаме и овој противник“, порачуваат од КК Гостивар.

Се вчитува...