Тренерската „вртелешка“ во Италија се финишира, откако по Јувентус (Масимилијано Алегри) и Интер (Симоне Инзаги), нов шеф на стручниот штаб од вечерва има и Наполи. Екс-тренерот на Рома и Интер, Лучијано Спалети, е нов предводник на „наполитанците“, наследувајќи го на оваа функција Џенаро Гатузо, кој пак својата тренерска кариера ја продолжи во Фиорентина.
Аурелио де Лаурентис преговараше со неколку стратези, како опција се споменуваше и Консеисао од Порто, но првиот човек на Наполи се премисли, на крајот избирајќи го Спалети како домашен стратег што ќе треба да го разбуди „заспаниот“ тим од Неапол. Сите детали се договорени, па Спалети вечерва ќе потпише договор за двогодишна соработка со „наполитанците“.
Елиф Елмас не добиваше премногу шанси како стартер кај Гатузо, па останува да се види дали „македонскиот дијамант“ ќе добие можност да блесне во Наполи под водство на новиот тренер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА