ГОТОВО Е: Карик добива договор од Јунајтед!

Ко-сопственикот на Манчестер Јунајтед, Џим Ратклиф, даде зелено светло, а „црвените ѓаволи“ му понудија на Мајкл Карик двегодишен договор. Не е тајна дека на „Олд Трафорд“ се многу задоволни од игрите и резултатите на тимот откако поранешниот играч од средниот ред пристигна, па, според сите извештаи, тој ќе добие можност да го продолжи она што го започна.

Исто така, постои опција за продолжување за уште една сезона, до 2029 година. Преговорите веќе започнаа по состанокот на извршниот одбор оваа недела, кога директорот Омар Берада и спортскиот директор Џејсон Вилкокс предложија 44-годишникот трајно да ја добие работата.

Многу работи се уште треба да се средат, но постои можност се да биде договорено до последниот натпревар на „Олд Трафорд“ оваа сезона, кога Манчестер Јунајтед го пречекува Нотингем Форест. Се очекува навивачите официјално да дознаат кој ќе го води тимот во наредните сезони.

Неговиот стручен штаб треба да остане заедно. Помошникот тренер Стив Холанд, кој се смета за многу важен човек во тимот, како и тренерите Џонатан Вудгејт и Џони Еванс, треба да добијат нови договори. Крег Мосон, кој беше унапреден во главен тренер на голмани по заминувањето на Рубен Аморим, исто така ќе продолжи со таа улога.

Се вчитува...