Готово: Ираола слетува за потпис со Ливерпул

Андони Ираола од денеска и официјално ќе стане нов стратег на Ливерпул откако шпанскиот стручњак ги договори сите детали со екс-првакот на Премиер-лигата.

„Црвените“ изненадија многумина со одлуката да му врачат отказ на Арне Слот, но веднаш по објавувањето на таа информација името на Ираола се појави како главен кандидат за нов менаџер на Ливерпул. Директорот Хјуз лани дојде на „Енфилд“ од Борнмут, тој добро ги познава квалитетите на шпанскиот стратег и не го крие оптимизмот дека Ираола со стилот на игра на кој инсистира експресно ќе ги освои симпатиите на јавноста.

Сите детали се договорени, Шпанецот ќе потпише на две години во текот на денешниот ден. Тој денеска со чартер лет ќе пристигне од Сан Себастијан во Ливерпул, по што ќе го стави својот потпис на договорот, ќе има неколку состаноци по што ќе се врати назад во татковината.

Шпанскиот стратег веќе е активно вклучен во изборот на нови засилувања, па се очекува „црвените“ да доведат еден врвен дефанзивец летово, како и двајца крилни напаѓачи.

Се вчитува...