Гоце Георгиевски го продолжи договорот со Вардар

Десното крило Гоце Георгиевски, реши уште една сезона да игра во дресот на Вардар. Тој со екипата на Вардар беше и шампион на Македонија, го освои и Купот и Супер купот, играше и во Лигата на шампионите.

„Знаеме колку значи искуството што го има во себе Гоце, и среќни сме што прифати да биде уште една сезона дел од Вардар. Неговото искуство ќе биде од големо значење за играчите кои доаѓаат на сцената, и кои се повеќе се наметнуваат. Тој е расположен, освен што ќе игра, и да го пренесе своето искуство на помладите колеги. Вардар е веќе стабилизиран, сериозен, и нашите амбции секогаш се победа, и титули. Гоце е се уште гладен за победување, исто како и Вардар и заедно ќе чекориме кон нови победи“, изјави Борко Ристовски.

Вардар сезонава најверојатно ќе ја загуби титулата во домашниот шампионат, но во игра се за одбрана на трофејот во националниот куп на Македонија.

Се вчитува...