„Говеда, дозволивме да не посрамотат, го навредуваа Ибра на верска основа“

Претседателот на Синдикатот на професионални фудбалери „Независност“, Мирко Поледица е разочаран поради провокациите против Златан Ибрахимовиќ. Синоќа, Милан гостуваше на „Маракана“ и обезбеди реми против Црвена Звезда, Ибрахимовиќ не беше дел од почетниот состав на „росонерите“, но го навлече гневот на малиот број гледачи.

Контроверзниот Ибрахимовиќ се најде во центарот на вниманието затоа што од ВИП ложата на стадионот беа упатени кон него разни навреди, меѓу другото, навреди и на религиска основа.

„Се чувствувам засрамен од овие говеда што не посрамотија и упатуваа навредуви врз верска основа на Златан Ибрахимовиќ. За таквите нема место на стадионите и лесно може да се идентификуваат. Златан е одлично момче и голем пријател на сите играчи од овие простори“, рече Поледица.

Ибрахимовиќ ги „кулираше“ момците кои го навредуваа, а „Газета дело Спорт“ тврди дека Ѕвезда може строго да биде казнета, затоа што, како што можеше да се види, на натпреварот присуствуваа навивачи и покрај забраната од УЕФА.

Се вчитува...