Граџан: Со пеколна атмосфера на трибините до победа над Нексе

Ракометниот вицешампион на Македонија, Еурофарм Пелистер утре во Битола ќе го пречека хрватскиот Нексе во реваншот од осминафиналниот двомеч во Лигата на Европа. „Зелено-белите“ ќе имаат за задача да ја анулираат негатива од три гола (29-26) по првиот меч одигран во Нашице минатата недела.

Пивотменот на битолчани, Елмир Граџан вели дека со пеколна атмосфера во „Боро Чурлевски“ верува дека ќе стигнат до победа над Нексе.

„Како што знаете сами, имаме две многу важни средби во април. Едната е да ја вратиме титулата во Битола со Вардар, но претходно играме реванш со Нексе во Европската лига. Ќе има многу борба, а ние ќе се обидеме да се вратиме од трите гола негатива. Се надеваме дека ќе бидеме победници. Во Хрватска одигравме динамичен натпревар. Треба да се очекува пеколна атмосфера, да ја искорисиме предноста на домашен терен и да се вратиме од негативата која е три гола. Значи враќањето на капитенот, ама ова е колективен спорт. Периќ е лидер и капитен, па мислам дека може да ни помогне“, изјави Граџан.

Натпреварот кој ќе се игра во арената „Боро Чурлевски“ во Битола е закажан за утре со почеток во 18.45 часот.

Се вчитува...