Ракометарите на Еурофарм Пелистер ќе му гостуваат на Спортинг Лисабон во 5. коло од Лигата на Европа. По спориот старт „зелено-белите“ влегоа во одлична серија во второто по ранг натпреварување, па на гостувањето во Португалија сакаат да стигнат и до третата победа во низа.
Пикерот на битолчани, Елмир Граџан вели дека како и на секој натпревар, така и на овој тие ќе одат на победа, без разлика на квалитетот со кој располага тимот од Лисабон.
„Победивме против АЕК во Грција и против Татабања во Битола, а освоиме бод и во лошиот натпревар на кој губевме седум разлика во Шафхаузен, но на крајот земавме важен бод. Ниеден натпревар не треба да го препуштиме на случајот и како секогаш досега и против Спортинг ќе одиме на победа. Тоа е добра екипа што има брз проток на топката, имаат слична одбрана како нашата и мислам дека ако се подготовиме добро, нема да имаме проблем да ја пробиеме“, вели Граџан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА