„Градски парк“ е неосвоив за Кожув (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Кошаркарите на Кожув вторпат сезонава дојдоа на мегдан со Работнички во „Градски парк“, два пати беа многу близу до победата, но потклекнаа во моментите кога беше најпотребно. Тренерот Михајловски и неговите избраници имаат за што да жалат, при „плус еден“ промашија шанса да ја осигураат победата, а потоа го имаа и последниот напад, но одиграа почетнички и неорганизирано, па со наведнати глави го напуштија теренот.

Работнички продолжува со победи на домашен терен во Супер-лигата, но на тренерот Докузовски и на неговите избраници сигурно им е јасно дека на преостанатите средби ќе мора да одиграат уште подобро доколку сакаат да ја остварат посакуваната цел – пласман во полуфиналето од плејофот.

[new_royalslider id=”567″]

Се вчитува...