„Граѓаните“ го декласираа Кристал Палас

Манчестер сити убедливо го совлада Кристал Палас на домашен терен со 5-0 и се искачи на третата позиција на табелата во Премиер – лигата, со идентичен број бодови како и Ливерпул, но подобра гол – разлика. Тоа трето место води директно во групната фаза од ЛШ следната сезона.

Давид Силва, кој се врати по повредата, уште во втората минута ги доведе „граѓаните“ во водство, а Компани на стартот на вториот дел зголеми на 2-0 и се чини го скрши отпорот на гостите. Потоа стрелаа и Де Бруин, Стерлинг и Отаменди, за „петарда“ во мрежата на Кристал Палас.

All Goals & highlights HD – Manchester City 5-0… by footyscore

Се вчитува...