„Граѓаните“ го победија Евертон и се вратија на врвот во Премиер-лигата

Манчестер Сити е повторно на врвот во Премиер – лигата. Тимот на Пеп Гвардиола славеше со 0-2 на гостувањето против Евертон во првиот меч од 26.коло во англискиот шампионат и по подолг период повторно е на водечката позиција на табелата со 62 бода. Идентичен број бодови има и Ливерпул, и послаба гол – разлика, но „црвените“ на 9.февруари ќе го пречекаат Борнмут како дел од 26.коло.

Одлучувачкиот момент од мечот се случи во последните мигови од првото полувреме. Ајмерик Лапорт реагираше одлично по нафрлувањето од левата страна и со удар со глава ја затресе мрежата на Евертон. Во осмата минута од судиското продолжение, Габриел Хесус го постави конечниот резултат.

Се вчитува...