„Граѓаните“ му земаа мерка и на Арсенал

Манчестер сити ја оствари десеттата победа во 11.коло од новата сезона во Премиер – лигата, зацврстувајќи се на првата позиција на табелата. „Граѓаните“ го совладаа Арсенал на „Етихад“ со 3-1.

Кевин де Бруин го отвори резултатот во 19.минута, а Серхио Агуеро од пенал зголеми на 2-0 на почетокот на вториот дел. Лаказет му даде надеж на Арсенал со погодок во 65.минута, но потоа Габриел Жесус постигна трет гол за „граѓаните“ од акција во која Давид Силва се наоѓаше во офсајд. Сепак, голот беше признат, а Манчестер сити ги освои трите бода.

Се вчитува...