„Граѓаните“ победнички со Ватфорд за враќање на лидерската позиција (ВИДЕО)

Манчестер сити славеше убедливо со 1-3 на гостувањето против Ватфорд по што се врати на лидерската позиција по 15 кола во Премиерлигата.

„Граѓаните“ победата ја обезбедија со два гола уште во првото полувреме.

Најпрво во 4. минута погоди Стирлинг, а потоа во 31. минута на 0-2 заокружи Силва.

Во второто полувреме, Силва со својот втор гол во 63. минута веќе зголеми на 0-3, а домашните потоа постигнаа само почесен погодок за конечни 1-3.

Манчестер сити сега е повторно на врвот, со само бод предност во однос на второпласираниот Ливерпул и два бода пред Челси.

Се вчитува...