„Граѓаните“ подобри пеналџии: Сити го одбрани пехарот во Лига купот на Англија

Манчестер сити го одбрани пехарот во Лига купот на Англија, откако во финалето, по изведување пенали го совлада Челси со 4-3. Едерсон го одбрани ударот на Жоргињо, а Кепа Аризабалага, кој одби да биде заменет непосредно пред пеналите, беше поуспешен од Лирој Сане. Но, и Давид Луиз не успеа да погоди, а Рахим Стерлинг го постигна решавачкиот удар за освојување на трофејот, шести пат во историјата на клубот. Челси дефинитивно останува без трофеј во Англија оваа сезона.

По 120 минути игра мечот заврши без голови. Двата тима многу повеќе внимаваа на својот гол отколку што имаа обиди да го загрозат противничкиот. Најдобрата шанса ја имаше Серхио Агуеро во второто продолжение, но не беше прецизен.

Се вчитува...