„Граѓаните“ тешко го скршија Хадерсфилд

Манчестер сити со тешка мака успеа да оствари триумф (1-2) над Хадерсфилд на гости, но постави нов рекорд во Премиер – лигата, за бројот на освоени бодови по 13 одиграни кола. „Граѓаните“ имаат 12 победи и само едно реми и 37 бода на врвот на табелата во англискиот шампионат.

Хадерсфилд изненадувачки поведе во самиот финиш од првото полувреме, кога Отаменди си постигна автогол по корнерот од десната страна. Но, Манчестер сити, кој беше надмоќен во сите елементи на фудбалската игра, успеа да израмни со голот од пенал на Серхио Агуеро во 48.минута.

Долго време „граѓаните“ се обидуваа да зададат конечен удар, а тоа му успеа на Рахим Стерлинг на шест минути пред крајот на натпреварот, кога малку и среќно ја спроведе топката во противничката мрежа.

Се вчитува...