„Граѓаните“ уриваат рекорд за Мбапе: Му нудат 130 милиони евра на Монако

Англискиот премиерлигаш Манчестер сити агресивно влезе во летниот преоден рок. Веќе го ангажира Бернардо Силва за сума од 60 милиони евра, но подготвува и уривање на светскиот рекорд со понуда за Килијан Мбапе. Чудото од дете на Монако го сврте вниманието на светската фудбалска јавност со одличните игри оваа сезона, а досега Реал Мадрид и Ливерпул испратија понуди кои беа одбиени од Монако. Но, „граѓаните“ најавуваат баснословна понуда.

Пеп Гвардиола сака по секоја цена да го доведе Мбапе на „Етихад“, па раководството на Манчестер сити ќе понуди фантастични 130 милиони евра за негов трансфер. Шпанскиот стратег сака да го создаде тандемот на идината, Килијан Мбапе – Габриел Хесус, кој треба подолг период да доминира во Премиер – лигата.

Прашање е дали Реал Мадрид ќе продолжи да наддава со повисока сума, по понудата што ќе ја испрати Манчестер сити…

Се вчитува...